Колачиња

Последно ажурирање: август 2026

Кратко

Оваа страница не поставува колачиња за реклами, следење или профилирање, и не бара согласност за колачиња — затоа што не поставува такви колачиња.

Што се променило

Претходната верзија на страницата отвораше PHP сесија на секој посетител само за да го запамети избраниот јазик, што поставуваше колаче кај сите. Јазикот сега е дел од адресата (/mk/ и /en/), па колачето повеќе не е потребно.

Претходната верзија вчитуваше и фонтови од сервери на Google, при што IP адресата на посетителот се пренесуваше кон трето лице. Фонтовите сега се сместени на истиот сервер како и страницата.

Технички неопходни податоци

Формите користат безбедносен токен што спречува злоупотреба, но тој се пренесува во самата форма и не се складира во прелистувачот.

Ако во иднина се вклучи статистика за посетеност, ќе се користи решение што не поставува колачиња и не следи поединечни посетители; во спротивно оваа страница ќе биде дополнета.