Политика за приватност
Последно ажурирање: август 2026
Кој ги обработува вашите податоци
Контролор на личните податоци собрани преку оваа веб страница е ТЕЛИНКС, со седиште на Цветан Димов 76, 7000 Битола. За сите прашања во врска со вашите податоци, контактирајте нè на contact@telinks.com.mk или на +389 76 477 507.
Кои податоци ги собираме
Преку формата за контакт и формата за бесплатна проценка ги собираме податоците што вие сами ги внесувате: име, е-пошта, телефонски број (ако го внесете), содржината на вашата порака и — кај формата за проценка — одговорите на техничките прашања за објектот.
Серверот на кој е сместена страницата води стандардни технички записи (лог) што содржат IP адреса, време на пристап и адреса на страницата. Овие записи се создаваат автоматски и служат за безбедност и за откривање злоупотреба.
Зошто ги обработуваме
Податоците од формите ги користиме единствено за да одговориме на вашето барање и да ви подготвиме понуда. Правен основ е вашата согласност, која ја давате со означување на полето пред испраќање, односно преземање дејствија пред склучување договор на ваше барање.
Техничките записи на серверот ги обработуваме врз основа на легитимен интерес — да ја одржиме страницата безбедна и достапна.
Колку долго ги чуваме
Пораките од формите ги чуваме додека трае комуникацијата и потоа најмногу две години, за да имаме историја на понудите. Техничките записи на серверот се чуваат најмногу шест месеци.
Со кого ги споделуваме
Вашите податоци не ги продаваме и не ги отстапуваме на трети лица за маркетинг. Пристап имаат само вработените во ТЕЛИНКС кои работат на вашето барање, и хостинг провајдерот на кој е сместена страницата, во својство на обработувач.
Кои се вашите права
Имате право да побарате пристап до вашите податоци, нивна исправка или бришење, ограничување на обработката, приговор на обработката и пренос на податоците. Согласноста можете да ја повлечете во секое време.
Барањето го испраќате на contact@telinks.com.mk и одговараме во рок определен со Законот за заштита на личните податоци. Имате право и да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Колачиња и надворешни услуги
Оваа страница не поставува маркетинг колачиња и не вчитува фонтови или скрипти од надворешни сервери. Повеќе детали има на страницата за Колачиња.