Структурно каблирање

Имплементација на структурно каблирање по ISO стандард за ИТ и телекомуникациски мрежи во станбени и деловни објекти. Советување, увид и проектирање.

Структурно каблирање

Структурното каблирање е инфраструктурата што останува во ѕидовите следните дваесет години. Ако е изведена правилно, секоја идна технологија само се вклучува во неа; ако не е, секоја промена значи кршење ѕидови.

Изведуваме каблирање по ISO/IEC 11801 стандард, со целосна документација на траси, ознаки на секој порт и мерни протоколи за секој линк.

Работиме и на нови објекти во фаза на градба и на реконструкција на постоечки инсталации, во станбени згради, деловни простори и индустриски хали.

Што вклучува

  • Изведба по ISO/IEC 11801 стандард
  • Обележување и документација на секој линк
  • Мерни протоколи и сертификат за исправност
  • Координација со изведувачите на градбата

Бесплатна проценка за видео надзор

Одговорете на шест кратки прашања и добивате индикативна проценка веднаш, а конкретна понуда по излегување на увид.

За каков простор станува збор?
Каков тип камери сакате?
Колку камери ви требаат?

Ако не сте сигурни, внесете приближно — ќе прецизираме на увид.

Колку долго треба да се чуваат снимките?
Дали ви треба нов уред за снимање?
Дали сакате одржување од ТЕЛИНКС?
Каде да ви ја испратиме проценката?

Оваа проценка е информативна и не претставува обврзувачка понуда. Конечната цена зависи од состојбата на објектот и се утврдува по излегување на увид, кое е бесплатно.