Оптичкото влакно или работи беспрекорно, или создава проблеми што ниту еден мрежен инженер не може да ги реши од далечина. Разликата е во квалитетот на споевите и во тоа дали некој ги измерил.
Лепиме и мериме оптички влакна со професионални инструменти од врвни светски брендови, со OTDR мерење и мерење на слабеење по секој линк.
По завршување издаваме сертификат за исправност и перформанс — документ што ви треба и за примопредавање и за секоја идна рекламација.
Што вклучува
- Фузионо лепење со професионална опрема
- OTDR мерење и мерење на слабеење
- Сертификат за оптички и бакарни линкови
- Итни интервенции при прекин на оптика