Видео надзорот е најефтината заштита што можете да ја поставите на еден објект — но само ако е правилно проектиран. Погрешно избран агол, недоволна резолуција или премалку простор за снимки значат дека камерата снима, а сепак не гледате ништо употребливо.
Работиме со проверени светски брендови — DAHUA, HIKVISION, JVC и други — и ја избираме опремата според тоа што реално треба да се види: препознавање на лице, читање регистарска таблица, или само општ преглед на просторот.
Пред монтажа излегуваме на терен, го снимаме објектот и изработуваме елаборат за мониторинг со распоред на камери, зони на покриеност и пресметка за потребниот простор за архива.
Што вклучува
- Камери во боја, ноќен режим и 4K резолуција
- Снимачи со пресметан капацитет за саканата историја
- Далечински пристап преку мобилен телефон или таблет
- Елаборат за мониторинг и предавање со обука